78 – годишна жена од Куманово вчера попладне пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 2.000 евра, сооштија од екторот за внатрешни работи Куманово. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник ја известило деканејзиниот син и снаа предизвикале сообраќајна несреќа во која прегазиле малолетно дете и ќе треба да плати одредена сума на пари за да не ги гонат кривично. Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, но подоцна сфатила дека била измамена. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Исто така, во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Куманово биле регистрирани и пет обиди за измами со наводни сообраќајни несреќи и една на подрачјето на Кратово.