Кумановка платила за огревно дрво, но не го добила

75-годишна жена од Куманово вчера во кумановската полиција пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 денари. Според пријавеното, откако лицето и понудило огревно дрво, таа му ги дала парите, по што заминало за наводно да ги донесе дрвата, но не се вратило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира кумановската полиција.

Коментари

коментар(и)