Куманово лесно против Пелистер за Ф4 во Купот

Ракометарките на Куманово рутински остварија пласман на завршниот турнир во Купот на Македонија откако ја совладаа екипата на Пелистер во Битола со 49:24 во финалето од групата Д.

Кумановки доминираа во текот на целиот натпревар и уште од почеток најавија убедлив триумф. После 2:2 следуваше огромна серија 11:1 на Куманово за големо и недостижно водство. Со овој триумф кумановки направија уште еден чекор кон одбрана на титулата во Купот на Македонија и обезбедија пласман на фајнал форот. ПОД ИСТО Наслов: КККуманово загуби од „Еуро Никел“

Кошаркарите пак на Куманово со резултат 78:79, забележаа пораз на натпреварот против „Еуро Никел“, откако цели три четвртини имаа солидно водство. ПОД ИСТО Наслов: Куманово ја освои „Автокоманда“  И откако беше поразен во првото коло од прволигашкиот плеј-оф, Куманово славеше изненадувачки на гостувањето во Автокоманда кај составот на„ Металург РА“ со 26-29.

Коментари

коментар(и)