Ракометарките на Куманово рутински остварија пласман на завршниот турнир во Купот на Македонија откако ја совладаа екипата на Пелистер во Битола со 49:24 во финалето од групата Д.
Кумановки доминираа во текот на целиот натпревар и уште од почеток најавија убедлив триумф. После 2:2 следуваше огромна серија 11:1 на Куманово за големо и недостижно водство. Со овој триумф кумановки направија уште еден чекор кон одбрана на титулата во Купот на Македонија и обезбедија пласман на фајнал форот. ПОД ИСТО Наслов: КККуманово загуби од „Еуро Никел“
Кошаркарите пак на Куманово со резултат 78:79, забележаа пораз на натпреварот против „Еуро Никел“, откако цели три четвртини имаа солидно водство. ПОД ИСТО Наслов: Куманово ја освои „Автокоманда“ И откако беше поразен во првото коло од прволигашкиот плеј-оф, Куманово славеше изненадувачки на гостувањето во Автокоманда кај составот на„ Металург РА“ со 26-29.