Куманово денеска одбележува 76 години од ослободувањето од фашистичкото ропство, а воедно слави и 501 година од формирањето. За разлика од минатите години локалната самоуправа годинава организира скромно чествување на празникот, поради пандемијата на Ковид-19. На Спомен Костурница свежо цвеќе положија бројни делегации.

Куманово денеска одбележува 76 години од ослободувањето и 501 година постоење. Во рамки на скромната програмата за одбележување на празникот, претставници на општината, сојузот на борци, министерството за внатрешни работи и армијата, положија цвеќе на Спомен Костурницата. Пред присутните се обрати членот на претседателството на Сојузот на борци од Куманово, Зора Ивановска, која истакна дека градот мора да се сеќава да борците кои што загинале за нашата слобода, татковината.
-Со чествувањето на споменот Куманово го одолжува својот голем долг кон верните синови и ќерки кои својата младост ја положија пред пиедесталот на слободата. И своите животи ги вградија во создавањето на Република Македонија. Денес кога живееме во самостојна Република Северна Македонија должни сме да ја кажеме вистината, дека борците од 1941 година како и сите учесници во НОБ дадоа драгоцен придонес во пласирањето на патиштата за слободна македонска држава. Нека ни е честит празникот 11 ти ноември Ден на нашето Куманово. Да живее нашата татковина. Да живее црвено Куманово, град првоборец и вечен непокор-истакна Зора Ивановска, член на Сојуз на борци Куманово.

Во рамки на одбележувањето вечерва ќе се отвори и традиционалната ликовна колонија Карпино. Но поради актуелната состојба со пандемијата од ковид-19, надлежните одлучија прославата оваа година да помине скромно, без мега концерти и огномети, а парите меѓу кои и за новогодишното украсување, да се пренаменат за набавка на таблети за онлајн настава.