Куманово ќе финансира проекти за невладини и граѓански организации за пет клучни области (ВИДЕО)

Општина Куманово годинава ќе финансира проекти кои ќе ги спроведуваат граѓанските и невладините организации. Денеска се одржа јавна дебата на која претставниците на секторот за евроинтеграции, меѓународна соработка и локален економски развој ги презентираа приоритетните области на кои ќе можат да аплицираат невладините организации од Куманово.
За оваа намена од општинскиот буџет одвоени се 300.000 денари. Организациите можат да работат проекти од неколку области, заштита на животна средина, заштита на човекови права, социјална кохезија и намалување на сиромаштија, туризам и култура, младински активизам.

Во продолжение да ги слушнеме изјавите од овластените раководители

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)