Кумановци заинтересирани за Затворениот базен

Кумановци се заинтересирани за рекреација во Затворениот пливачки базен. Управителот на објектот, кој воедно е и директор на јавното претпријатие Чистота и Зеленило, Сашо Петрушевски истакна дека најмладите но и повозрасните секојдневно доаѓаат и уживаат во можностите кои што ги нуди овој спортски објект.  Додаде дека базенот засега дневно го посетуваат околу 30 до 40 лица, кои за само 100 денари имаат право на пливање еден час.

-Мислам дека интересот е на значително ниво, со тоа што и временските услови и новогодишните празници и не знаење на дел од граѓаните бидејќи имаше известување од нашата страна и општината дека е отворен за граѓаните сепак сме задовлни од посетеноста исто така морам да потенцирам дека и она што го слушаме од пливачите рекреативците од граѓаните е на многу задоволително ниво, водата, топлината и условите кои ги обезбедуваме се на високо ниво, посетеноста расте од ден на ден се надевам дека во наредниот период ќе можеме да очекуваме уште поголем број на љубители на овој спорт-истакна Петрушевски.

Безбедноста на капачите е на високо ниво бидејќи нив ги надгледуваат спасувачи, а во објектот се присутни и медицински лица, обезбедувачи и слично.

-Капи, поминување низ вода и сите оние правила кои се донесени од Управниот одбор и советот вклучувајќи ги и цените, условите се исполнуваат. Темепературата на водата морам да потенцирам бидејќи е важно во овие ладни денови дека и по завршување на пливањето може да се истушираат со топла вода  и да се стоплат има топли напитоци и потоа да излезат да излезат на надворешните темепратури-додаде тој.

Затворениот базен веќе неколку месеци го користат членовите на пливачките клубови од градот, како и учениците. Од неодамна таа можност ја добија и останатите граѓаните.

-По функционално пуштање во употреба на целокупната опрема која е комплексна, тука имаме заштита функционалност на соларната енергија и на сите овие машини кои го одржуваат базенот за да функционира онака како што треба задоволен сум што од изведувачите опремата е во најдобар ред функционира беспрекорно и оние услови кои беа дадени се исполнуваат што е многу значајно за функционирање на ваков спортски објект во оппштина Куманово-нагласи Петрушевски.

Граѓаните можат да ги користат услугите на затворениот базен од 8 до 22 часот сите денови, а  редовните посетители можат да набават и неделен или месечен билет.

Коментари

коментар(и)