42-годишен кумановец вчера бил лишен од слобода поради управување мопед „педа“ без возачка дозвола, соопштија од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Лишена од слобода ноќеска два часа по полноќ била и 20-годишна кумановка која на улицата „ЈНА“ управувала патничко моторно возило „форд“, а по извршени проверки било констатирано дека го управува возилото без да поседува возачка дозвола.
Утрово во 09 часот на улицата „Доне Божинов“ бил лишен од слобода 47-годишен кумановец кој управувал мопед „томос“ без возачка дозвола.
По целосно документирање на случаите, против трите лица од Куманово ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти полицијата.