Лани до правобранителот поднесени 124 претставки

Граѓаните од североистокот лани, до канцеларијата на народниот правобранител во Куманово поднеле вкупно 124 претставки. Дури 116 постапки веќе се заврши, а осум се во тек. Најголем број претставки поднеле кумановци, па жителите на Липково. Помал е бројот на поднесени претставки од жители на останатите општини, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Ранковце и Кратово. Најголем дел од забелешките се однесуваат за правосудство-извршители, (постапување кон судови), казнено поправната установа, за полициско постапување, од потрошувачки права, за пензиско и инвалидско осигурување и социјална сигурност и заштита. Од канцеларијата на народниот правобранител информираат дека годинава ќе продолжи праксата, која беше прекината поради пандемијата, односно ќе продолжат средбите со граѓаните од Крива Паланка, кои се одржуваа секој последен четврток во просториите на општината.

Коментари

коментар(и)