Советникот на Левица поднесе иницијатива за донесување одлука за изработка на студија, за основање на јавно претпријатие за производство и продажба на електрична енергија. Со формирање на јавно претпријатие се отвара можност Општината да остварува приход од овие дејности, со што за краток период ќе го амортизира финансискиот удар од високата цена на струјата, а на долг план, со добро менаџирање, да остварува и финансиска добивка која би ја инвестирала во подобрување на условите за живот во Куманово, се вели во објавата на оваа политичка партија.
Првична цел на ова ЈП е да изгради фотоволтаични централи на сите поволни локации кои ги стопанисува Општина Куманово (кровови на училишта, градинки, општински згради) и со нив да стопанисува, додека во втора фаза – да инвестира во производствени капацитети за електрична енергија.
Во последната фаза на развој, ова ЈП самостојно би вршело снабдување со електрична енергија на Општината и нејзините институции, како и други потрошувачи.
Државното земјиште наместо да биде продадено на приватни лица кои имаат свои бизнис интереси во нашата општина, може да се искористи за поставување на фотоволтаични панели на погодните државни земјишта, завршуваат од Левица.