МВР: Санкционирани 263 возачи во земјава

МВР во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 263 возачи.

Од нив, девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возилa се движелe со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 142 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 121 надвор од населено место.

Коментари

коментар(и)