Откриен хероин кај кумановец

33- годишен кумановец и жител на Свети Николе вчера биле приведени откако кај кумановецот бил пронајден хероин, а кај другото лице поголема сума на пари, информира МВР. двете лица биле лишѓени од слобода вчера околу 17 часот на наплатната станица Сопот. При преглед во возилото и нивен личен преглед, кај кумановецот биле пронајдени и одземени околу 35 грама хероин, додека кај другото лице биле пронајдени и одземени над 4.500 евра, за кои постои сомневање дека потекнуваат од кривично дело.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Коментари

коментар(и)