(ВИДЕО) Одбележан Националниот ден на унгарскиот народ во Куманово

Преку презентирање на културната и историската традиција на Унгарците и дегустација на традиционалната унгарска кујна, во Куманово вчера беше одбележан Националниот ден на унгарскиот народ. На културниот настан организиран од општина Куманово преку секторот за култура, спорт, социјална заштита и заштита на децата се обратија градоначалникот Максим Димитриевски и амбасадорот на Р. Унгарија во Македонија, Ласло Иштван Дукс.

Пред присутните во Занаетчискиот дом, Димитриевски ги истакна пријателските односи со Унгарија, со цел поврзување на културата и богатството на нашите народи, како и успешната соработка која ќе отвори можности за нови проекти во повеќе општествени области.

-Пред 174 години овој мал народ, оваа мала држава која што била составен дел на една голема светска империја успеала да ја извојува својата независност и денеска да опстојува на овие простори, да биде составен дел на Европа, која што е пример за многу поголеми држави во регионите и во светот. За мене е голема чест како градоначалник што денеска го имаме како гост и заедно да го прославиме Денот на Унгарија, заедно со нашите ученички и ученици од гимназијата „Гоце Делчев“ под раководство на нивниот професор, рече Максим Димитриевски, градоначалник на општина Куманово.

Коментари

коментар(и)