Во рамки на акциската контрола на територијата на Македонија за санкционирање возачи кои управуваат со возила со брзина поголема од дозволената, полицијата санкционираше 117 возачи. Како што соопшти МВР, од нив 10 возачи управувале со возилата со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 28 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 89 надвор од населено место.