МВР: 246 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (24.10.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 246 возачи. Од нив, 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 126 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 120 надвор од населено место, соопшти МВР.

Коментари

коментар(и)