Меѓународниот фестивал на кратoк филм „ФИЛМАЈ 2021” по третпат во Куманово

Во организација на Фото-кино клуб „ Козјак” – Куманово, по трет пат во Куманово ќе се одржи Меѓународниот  фестивал на кратoк филм „ФИЛМАЈ 2021”. Ќе бидат прикажани 10 кратки филмови, кои се наградени за режија, кинематографија, сценарио, а од годинава официјално се доделува и награда за најдобар македонски филм.

„Публиката која ќе дојде на фестивалот ќе може да ги види иранскиот филм „Посета“, награда „Лазар Ѓорѓевиќ“ за најдобра режија, филмот „Лека ноќ“ од Гана добитник на наградата „Радислав Ристевски“ за најдобра кинематографија и „Сведок“ (Иран)  награда „Козјак“ за најдобро сценарио. Македонскиот краток филм „Неонски срца“ режиран од Ана Јакимска е добитник на наградата за најдобар македонски (домашен) филм. Дополнителни филмови кои ќе се прикажат се: „НИМИЦ“, „Кога танцувам, светот трепери“, „Добро, благодарам. Ти?“, „Бонобо“ и „Тивкоста на реката“. Заедно со наградените и официјално селектирани филмови, ќе биде проектиран и краткиот филм „Околу нас“ по сценарио и режија на Стефан Павличек“, информираат организаторите.

Вкупно времетраење на филмовите е 2 часа и 40 минути.

„ФИЛМАЈ 2021“ ќе се одржи в петок, неделава, со почеток во 19 часот во НУЦК „ Трајко Прокопиев“ .

Влезот е слободен, а бесплатните билети посетителите ќе може да се подигнат на билетарата пред Центарот за култура на денот на фестивалот од 18 часот.

Согласно важечките здравствени протоколи, на настанот ќе може да присуствуваат лица кои што ќе покажат важечки вакцинален сертификат.

 

Коментари

коментар(и)