Минатата седмица евидентирани 18 случаи на заболени од грип

Во текот на минатата недела во земјава се пријавени 18 случаи на групни пријави за заболени од грип соодветни за овој период од сезоната, со намалување за 48,6% во споредба со минатата недела (35), намалено во однос и на минатата сезона и просекот.

Заболените лица се регистрирани во Гостивар – 7, Тетово – 3, Струмица, Охрид и Прилеп – по 2 и Скопје и Куманово – по 1.

Во однос на возраста, забележани се заболени во сите возрасни групи освен во возрасната група од 0-4 години. Возрасната група 15-64 години бележи најголем број на заболени лица – 16.

Вакцинацијата против сезонски грип започна на 19-ти октомври и се спроведува во Центрите за јавно здравје.

Според податоците од Управата за електронско здравство, од почетокот на вакцинацијата, а заклучно со затворањето на овој извештај, вакцинирани се вкупно 51.860 лица од ризичните категории население со бесплатни вакцини. Во однос на комерцијалните вакцини вакцинирани се 2.421 лица.

Заклучно со 47-ма недела, во земјава, вакцинирани се вкупно  54.281 лица со бесплатна или комерцијална вакцина, информира Институтот за јавно здравје.

 

 

Коментари

коментар(и)