Кумановец во Секторот за внатрешни работи завчера пријавил дека пронашол неексплодирана минофрлачка граната од Втората светска војна со калибар 82мм.
Екипа од СВР Куманово извршила увид, а гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.