Можно е укинување на полицискиот час од 15-ти јуни

„Комисијата за заразни болести ќе има состанок пред 15 јуни до кога важат актуелните мерки. Доколку епидемиолошката слика е ваква како што е сега, по долго време немаме прием на пациент во инфективните оделенија, можно е да дојде до промена на рестриктивните мерки“-, истакна на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче, нагласувајќи дека е можно од 15 јуни да дојде до уште едно олабавување на мерките воведени поради вирусот ковид-19.

 

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)