Министерството за образование и наука објави повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2026/2027 година.
Рокот за пријавување за тековните студенти, како и за лицата кои ќе се запишат и ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2026/2027 година, е од 26 до 31 август 2026.
Субвенциониран студентски оброк е финансиска поддршка во износ од 140 денари, која студентот ја добива од Министерството за образование и наука за купување приготвена храна.
Кандидатите треба да се пријават електронски на https://e-uslugi.mon.gov.mk/.