МОН: Од септември повисоки плати во образованието

Министерството за образование соопшти дека вработените од високото образование од септември ќе добијат за 10 проценти повисоки плати, во основната компонента на платата, според МОН, ќе се исплаќа и минат стаж. Во соопштението е наведено дека до ова доаѓа откако со Самостојниот синдикат за образование потпишале колективен договор. Кон овој договор се приклучиле и Независниот академски синдикат.

Од МОН посочуваат дека во колективниот договор за првпат во 30 години независна држава, професорите директно преговарале за своите права со Министерството, без посредство на раководните структури на државните универзитети. Дополнително, Колективниот договор го утврдува и горниот праг на оптовареност на наставниот кадар со задолжителна настава и прекувремен број на часови, како и исплаќање на прекувремената работа.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)