СВР Куманово информира дека денеска околу 00.30 часот во полицијата било пријавено дека на бул.„Трета македонска ударна бригада“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 17- годишник од с.Отља, општина Липково, со место на живеење во Швајцарија и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.С.(30) од с.Грушино, општина Арачиново, по што мотоциклот удрил во паркирано патничко возило „фиат“ со кумановски регистарски ознаки, паркирано од А.Ш.(39) од с.Оризари, липковско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата во Куманово.
По наредба на Јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.