Над дваесет илјади сообраќајни прекршоци во текот на месец мај

Во текот на минатиот месец полициските службеници во сите сектори за внатрешни работи издадоа вкупно 21.178 платни налози претежно по основ на прекршоци сторени согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, соопшти МВР.

Според МВР, заради непрописно паркирање биле изречени 5480 прекршоци, за движење со брзина поголема од пропишаната 5458, а пак за управување без возачка дозвола евидентирани се 2114 прекршоци.