Над 50 отсто од употребените вакцини се кинески

Околу 50 проценти од вакцините кои се аплицирани во земјава се од кинеските производители Синофарм и Синовак, се вели во податоците кои Призма БИРН ги доби од Министерството за здравство.

Над 600.000 вакцини кои се употребени до 21 август се токму од овие два производитела и тоа околу 300.000 Синофарм и 382.000 Синовак.

Сепак, водечки производител во Македонија е Фајзер, од кој се аплицирани околу 400.000 дози. Нешто над 100.000 дози се употребени од вакцината Астра Зенека, додека пак најмалку има од Спутник В, околу 45.000 дози.

Коментари

коментар(и)