Намален е бројот на пријави за поведување прекршочна постапка, информира полицијата. Според податоците на подрачјето на СВР Куманово текот на 2021 година регистирани се 662 постапки, што е намалување од 15,3 проценти во однос на минатата година кога беа евидентирани 782.
Од нив регистрирани се 88 пријави за учество во тепачка, 172 за физички напад и 183 за карање и викање. СВР Куманово и во 2021 година работеше на одржување на поволна безбедносна состојба во областа на јавниот ред и мир, со превземање на превентивно-репресивни и други мерки за попречување на нарушувања на јавниот ред и мир од страна на поединци или организирани групи, а со тоа одржување на стабилен јавен ред и мир и обезбедување на услови за спокоен и мирен живот на граѓаните.
