Наша сограѓанка пријавила во полиција дека е следена

Сведок од претходна сообраќајна несреќа ја следел, а друго лице се заканувало на мајка од Куманово, чија ќерка загинала во таа несреќа, соопшти денеска СВР Куманово.

Како што информираат од полицијата вчера во 22: 45 часот во полициската станица Куманово, Г.Ф.(41) од Куманово пријавила дека околу 18:00 часот, додека се движела со своето возило „БМВ“ по булеварот „Октомвриска Револуција“, забележала дека ја следи возило „фолксваген голф“, кое го управува К.П. (кој инаку е сведок во сообраќајна незгода во која загинала нејзината  ќерка).

-Според пријавеното, Г.Ф. продолжила со движењето, ја намалила брзината за да ја помине возилото „голф“, но, тоа не се случило. Исто така, според пријавеното, кога продолжиле со движењето на булеварот „Трета Македонска Ударна Бригада“ пред нејзиното возило излегло друго возило кое и го блокирало патот при што едно од лицата упатило и закани кон нашата сограѓанка по што заминале.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)