Здружението на регионални и локални ТВ станици „Медиум Објектив “ ја поздравува иницијативата на Владата за измени на Законот за аудио и аудиовизуелни услуги и промена на членот 102, за што се залагаше изминатите две години. Се очекува пакетот медиумски реформи да се најде во владина процедура на една од наредните седници на Владата.