На „Железничка“ пронајдени две гранати од Втората светска војна

Четириесет и деветгодишен кумановец на улицата „Железничка“ пронашол две неексплодирани минофрлачки гранати од Втората светска војна со калибар 75мм, информира кумановската полиција.

Настанот бил пријавен вчера по 14 часот, по што екипа од СВР Куманово извршила увид, а гранатите биле безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.

Коментари

коментар(и)