M4034S-4211
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија Центар за вработување Куманово јавно ги повикува сите лица кои ги надминале роковите за пријава во евиденцијата на Агенцијата за вработување во наредните 30 дена, почнувајќи од 19 Февруари, а најдоцна до 19 Март 2021 година, да дојдат во Центaрот за вработување и дисперзираните канцеларии каде се евидентирани за да ја регулираат својата обврска како активни или пасивни баратели на работа.
Потсетуваме дека согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, лицето кое е евидентирано како активен барател на работа е должно лично да се јавува во Агенцијата за вработување на секои 30 дена, а лицето евидентирано како друго лице кое бара работа или пасивен барател на работа на секои шест месеци.
Невработените лица кои нема да ги исполнат овие обврски во рок од 30 дена согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност се бришат од евиденцијата на невработени лица и можат повторно да се пријават по истекот на една година, а корисниците на права по основ на невработеност го губат и правото.
Апелираме до сите лица кои ќе дојдат да се евидентираат во Центрите за вработување и дисперзираните канцеларии да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот КОВИД 19 пропишани од Министерството за здравство, да носат заштитна маска и одржуваат соодветна дистанца од другите лица.