Од Министерството за здравство соопштија дека нема да има нови рестриктивни мерки. Ова е одлуката на комисијата за заразни болести што е донесена утрово и што ќе заседава повторно во вторник наредната недела кога ќе ја разгледува епидемиолошката состојба во земјава. На сила останува полицискиот час од 22 до 5 часот наутро.