Епидемиолошката состојба е мирна и не се размислува да се бара потврда за вакцинација или негативен тест на коронавирусот за влез во земјава, ниту за наши, ниту за странски државјани, но акцент треба да се стави на вакцинацијата како механизам за заштита, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Според него, нема никаква логика за едни граѓани да се бара, а за други да не се бара потврда за вакцинација или негативен тест ако престојувале во странство.