Ненад Димковски од Куманово ќе настапи кик-бокс турнирот „Трофеј Белград“

Во организација на КИК Бокс сојузот на Република Србија, викендов од 23 до 25 април во Белград ќе се одржи реномираниот меѓународен турнир „Трофеј Белград“ во сите кик бокс дисциплини.

Покана за учество на овој турнир добил и Кик-бокс ММА клубот Куманово 2006 да учествува со свои натпреварувачи.

На турнирот ќе се натрепварува Ненад Димковски во дисциплината лоу кик до 91кг, во сениорска конкуренција.

– Се работи за доста квалитетен и реномиран меѓународен турнир во кик бокс. Ние напорно трениравме изминатиот месец, на отворено и во салата на ТППЕ Куманово и сме подготвени да се прикажеме во најдобро светло и да освоиме добри резултати и да ја одбраниме честа на нашиот град и да освоиме што подобар пласман и како и секогаш во нашето 15-годишно постоење. Сме се натрепварувале на домашна и меѓународна сцена и сме забележале добри резултати, вели Сашо Илиевски, тренер на Кик бокс и ММА клубот Куманово.

Илиевски е убеден дека Ненад ќе се бори храбро и достојно ќе го претстави достоинствено клубот и градот.

– Неговата посветеност во спортот вооошто е пример за младите генерации кои треба да го следат и во оваа тешка ситуација од која сме сите погодени, од тешката болест која е присутна секаде и носи големи загуби и човечки животи.

Илиевски упати голема благодарнсот до градоначалникот Максим Димитриевски и Општинскиот сојуз на спортови Куманово кои помогнале да се реализира оваа учество на турнирот.

Инаку на турнирот учество ќе земат клубови од повеќе држави од регионот и од уште неколку градови од Македонија.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)