Годинава за неполни пет месеци поднесени се 85 кривични пријави, соопшти Царинската управа.
„Делуваме на повеќе фронтови со цел целосно сузбивање на долгогодишните криминали со употребувани возила, злоупотреби и царински измами со увози со храна, чија цел била избегнување плаќање давачки со што е нанесена директна штета врз Буџетот на државата. Ги продолживме предкривичните постапки за криминални дела со употребувани возила“, информираат од Царина.
Годинава до Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и до Основното јавно обвинителство, Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги поднесе 41 кривична пријава против 32 правни и 118 физички лица за сторени кривични дела со 140 возила, при што директната штета нанесена врз Буџетот со избегнување плаќање давачки изнесува 14,7 милиони денари (239 илјади евра).