Нова донација – 20.000 вакцини на „Астра Зенека“ од Хрватска

20.000 вакцини на „Астра Зенека“, донација од Република Хрватска пристигнаа утрово во Македонија. Вакцините веќе од следната недела ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови низ земјата.

Ова е втора донација на вакцини „Астра Зенека“, од страна на хрватската Влада.

На почетокот од месец јули донација од 10.000 вакцини, донесе министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман.

 

Коментари

коментар(и)