Нова измама за огревно дрво

38-годишен маж од кумановско село во кумановската полиција пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 денари. Според пријавеното, откако лицето му понудило огревно дрво и тој му ги дал парите, лицето заминало за наводно да ги донесе дрвата, но не се вратило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментари

коментар(и)