Нова одлука на српската Влада: влез само за вакцинирани

Кризниот штаб за борба против коронавирусот на седница на која е разгледана епидемиолошката состојба во Србија одлучи да нема ублажување на постојните мерки.

Исто така, одлучено е граѓаните на Србија кои се целосно вакцинирани со вакцинините на Sinopharm, Pfizer и Спутник, како и оние граѓани кои примиле една доза од вакцината AstraZeneca, да им биде дозволен влез во земјата без негативен ПЦР тест или изолација. Истото ќе важи и за странските државјани, јави дописникот на МИА од Белград.

Покраинскиот секретар за здравство, Зоран Гојковиќ, по седницата изјави дека и натаму е голем бројот на заболени граѓани и дека постојните мерки придонеле да не дојде до голем експоненцијален раст на новозаболени лица.

Тој додаде дека државата се подготвува за Велигден, не само католичкиот, туку и за православниот за шест недели, така што за тој период пак ќе се дискутира за мерките.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)