Нова седница на Советот на Општина Куманово

Вкупно 30 точки ќе се најдат на следната седница на Советот на Општина Куманово, која е закажана за утре. Советниците ќе расправаат за превземени мерки и активности на полициската станица, програмите за работа на Куманово паркинг, согласност за ангажирање шест работници во Домот за стари лица, програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура, програмата за социјална заштита, измена и дополнување на одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за јавен градски и меѓуградски превоз за 2022 година.

На дневен ред ќе биде и извештајот за извршување на Буџетот за II квартал, како и предлог – измени и дополнувања. Ќе следат и решенија за констатирање престанок на мандат на членови на комисии. Седницата која ќе започне во 10 часот, ќе можете да ја следите во живо на телевизија Плус.

Коментари

коментар(и)