НУ Музеј – Куманово и Општина Старо Нагоричане потпишаа меморандум за соработка за заедничка реализација на културниот настан „Кокино – Тврдина на сонцето“.
Според објавата на Музеј Куманово, со меморандумот се предвидува заедничка организациска и логистичка поддршка на настанот, како и активности насочени кон промоција на археолошкиот локалитет Кокино, развој на културниот туризам и поголема видливост на културните и туристичките потенцијали на Старо Нагоричане.
Соработката претставува дел од активностите со кои годинава се одбележуваат 25 години од откривањето на Кокино, а целта е преку културни содржини да се придонесе кон поголема посетеност и афирмација на локалитетот. Фестивалот „Кокино – Тврдина на сонцето“ ќе се одржи на 12 септември 2026 година на Кокино.