Црвениот крст на Република Северна Македонија, во текот на 2025 година, во рамки на годишната програма за развој на крводарителството реализираше работилници посветени на унапредување на крводарителството, во насока на јакнење на организациските капацитети на општинските организации и зајакнување на мотивациските тимови.
„На работилниците беа обучени 18 врснички мотиватори за #крводарителство, 13 мотиватори од работни организации и дополнителни 6 тренери за реализација на идните обуки. Обучените мотиватори имаат за цел во тековната 2026 година, да реализираат работилници за мотивирање на младите, во средините каде крводарителството е помалку развиено. Со вложување во младите и новите кадри, се гради силна мрежа на мотиватори кои ќе инспирираат, охрабрат и водат нови генерации крводарители“, објави Црвен крст.