Овчар пукал кон кучиња, погодил кумановец

Кумановец се здобил со повреди во село Војник, откако додека шетал бил погоден од овчар, кој со пушка пукал кон кучиња, информира кумановската полиција.

Настанот бил пријавен вчера во СВР Куманово по 21 часот, кога лицето било пренесено во Општата болница со повреда. Во службен разговор со полицијата објаснило како дошло до повредата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментари

коментар(и)