Оглас за линиски превоз помеѓу Куманово и Старо Нагоричане

Општина Куманово и општина Старо Нагоричане ги повикаа заинтересираните превозници да се пријават за линиски превоз на патници помеѓу двете општини. Превозниците конкурираат за две линии Куманово-село Никуљане-село Старо Нагоричане-село Стрновац (сезонски) и за линијата Куманово-село Војник-село Бајловце. Право на учество имаат сите превозници, барањата со соодветни документи треба да се достават до комисија, најдоцна 15 дена од објавување на огласот односно до 28 декември, годинава. Заинтересираните треба да поседуваат доволен број автобуси и комби возила. Според објавите на општините, превозниците мора да достават потврди, документи наведени во објавата на општинските веб-страници. Предност ќе имаат превозниците кои поседуваат еколошки стандард на возилата и бројност на возилата. Оној кој ќе биде избран ќе го спроведува превозот наредните пет години

Коментари

коментар(и)