Дневниот центар „Порака наша“ и домот за стари лица „Зафир Сајто“, распишуваат повик за пријава на семејства кои имаат старо лице или лице со попреченост за бесплатна домашна нега, во рамки на проектот „Ублажување на ефектите и последиците од КОВИД – 19 врз најранливите во општеството со посебен фокус на постарите лица и лица со попреченост”.
Можат да аплицираат сите заинтересирани стари лица и лица со попреченост од Куманово, кои сакаат помош и нега во домашни услови. Рокот за доставување на апликациите е до 29-ти месецов.
Критериуми и услови за корисниците на сервисот домашна нега:
– Лица со најтешка попреченост, односно комбинирана попреченост со највисок степен;
– Стари лица и други лица на кои им е потребна нега и помош во домот;
– Лице на кое помошта во домот не можат да ја обезбедат неговиот брачен другар, родителите или децата поради заснован работен однос, нарушена здравствена состојба или старост;
– Лица со умерена и тешка попреченост кои поради попреченоста не се во состојба сами да се грижат во своите домови без да имаат редовна нега, поддршка и надзор.
Во огласот не се опфатени стари лица и лица со попреченост кои :
- Во семејството имаат деца што не работат;
- Нега и помош не можат да користат возрасни и изнемоштени лица и лица со попреченост кои склучиле договор за доживотно издржување.
Помошта и негата во домашни услови која ќе се пружи од страна на професионални и сертифицирани негувателки ќе биде БЕСПЛАТНА и ќе биде со или без одредена поддршка од семејствата на корисниците, со индивидуални пакети.
Помошта и негата која ќе ја пружаат негувателките, вклучува обезбедување на неколку часовна нега и помош во нивните домови во извршувањето на секојдневните активности со цел да се подобри и одржи квалитетот на животот и да се спречи или одолжи сместувањето во институции.
Сите заинтересирани семејства, пријавувањето можат да го сторат преку испраќање на емаил на poraka.nasa@yahoo.com.
Проектот е поддржан од австриското Министерство за труд и социјални работи и австрискиот Црвен крст, „Порака Наша” и Дом за стари „Зафир Сајто”
