Фотоволтаични системи низ сите општински објекти, субвениции на велосипеди, тротинети, клими предвидува програмата на коалицијата Одлучно за промени, на ЛДП и ДОМ. Оваа коалиција утре пред платото на Центарот за култура во 20 часот ќе одржи промоција на кандидатот за градоначалник.
-За нас поразително е Куманово како најголема општина во државата да се дави во отпад и нехигиена. Затоа предвидуваме:
- Поставување фотоволтаични системи низ сите општински објекти
- Енергетско ефикасни објекти во Куманово и субвенционирање на клими, поставување на фотоволтаици во сите средни и основни училишта, градинки и сите јавни објекти.
- Ги подржуваме граѓаните во поставување на фотоволтаични системи со субвенции до 60.000 денари до 4 киловати
- Субвенционираме велосипеди и тротинети, обезбедуваме ваучери за граѓаните до 50 проценти за велосипеди, но најмногу до 3.000 денари и 50 проценти за тротинети, но најмногу до 6.000 денари
- Создаваме 15 мали блоковски паркови
- Воспоставување катастар на зелени површини
- Определуваме точни локации за секој контејнер односно поставуваме маркици за полесно управување со отпад-истакна носителот на листата на ЛДП и ДОМ, Валентин Ефтимовски.
