Одржана е „V-та ИПА средба – Куманово 2025“ во периодот од 07-09.11.2025 година, во чии што рамки на 08 ноември, во училиштето за основно музичко образование „Панче Пешев“, во концертната сала се одржа и редовно годишно собрание на ИПА Регион Куманово, информираат надлежните.
„За време на одржаното собрание беа усвоени годишниот извештај и план за работа и беа донесени повеќе одлуки кои што се значајни за понатамошната работа на регионот! На настанот како набљудувачи зедоа учество и странски делегации од збратимени региони од ИПА Полска, ИПА Романија, ИПА Босна и Херцеговина и од ИПА Србија. Исто така на настанот зедоа учество и делегации на ционалната секција на ИПА и ИПА Региони од Македонија – ИПА Скопје, ИПА Прилеп, ИПА Штип и ИПА Струмица“, соопштија од ИПА Регион Куманово.