15 случаи на самоубиства и 12 пријавени обиди за самоубиство се евидентирани во Секторот за внатрешни работи Куманово од почетокот на годинава. Од вкупниот број на самоубиства, во 13 случаи станувало збор за лица од машки пол.
Слична е и минатогодишната состојба, кога полицијата регистрирала 12 случаи на самоубиства, од кои 10 мажи, како и 19 обиди за одземање на сопствениот живот.
„Самоубиството не е решение. Доколку се соочувате со тешкотии или имате суицидни мисли, побарајте помош од стручни лица – лекар, психолог или доколку сте ученик од стручните служби во училиштата. Помошта е бесплатна и доверлива“, апелира Александра Милевска, лиценциран психолог.