Претседателката на Општинската изборна комисија Куманово Кристина Цветковска денеска им ги додели уверенијата на избраните советници во Советот на Општина Куманово и на градоначалникот Максим Димитриевски.
Новиот состав на Советот на општината се состои од 31 советник.
Конститутивната седница на Советот допрва ќе се одржи, а со неа ќе претседава највозрасниот член.