Под мотото „Заедно заштитени – вакцините делуваат“ од утре во Куманово започнува Караванот за информирање и вакцинација на Министерството за здравство. Караванот е предвидено да посети 24 локации низ земјата, а започнува утре на градскиот плоштад во Куманово во период од 10 до 12 часот. Од 12:30 до 14:30 часот караванот ќе биде во училишниот двор на селото Черкези, а од 15 до 17 часот пред зградата на Општина Старо Нагоричане. Караванот го спроведува Министерството за здравство со поддршка од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Светската здравствена организација (СЗО). – Под слоганот „Заедно заштитени – вакцините делуваат“, караванот ќе пренесува до локалните заедници информации за редовните вакцини за деца, за вакцините против сезонски грип и за вакцините против КОВИД-19 и ќе овозможи вакцинација против КОВИД-19 на лице место, информираат од ресорното министерствто.