Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека околу 4 часот утрово, жител на село Липково пријавил дека настанал пожар во трафостаница во селото, при што било оштетено и паркирано патничко моторно возило „сеат алтеа“.
Пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Куманово.