Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,47 % во однос на одлуката од 20.1.2023 година.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Од 24.1.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин​​ЕУРОСУПЕР БС – 95​​​ 83,00 (денари/литар)
Моторен бензин​ ​ЕУРОСУПЕР БС – 98​​​ 85,00​ (денари/литар)
Дизел гориво​​​ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)​ ​ 84,00 (денари/литар)
Масло за горење​​Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)​​ 83,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС​​​​​​​​​​​​ ​ 41,042 (денари/килограм)

Коментари

коментар(и)