Од почетокот на учебната година во Куманово се реконструираат вкупно 13 училишта, од нив три средни, десет основни, соопштија од Секторот за образование од општина Куманово. Дел од реконструкцијата е завршена, дел ќе се спроведува и во второто полугодие. Во средните „Перо Наков”, „Наце Буѓони” и гимназијата „Гоце Делчев” поставени се фотоволтаици и во овие три средни училишта заврши обемна реконструкција на фасади, внатрешна реконструкција, партерно уредување на дворовите, кровни конструкции.
ПОВЕЌЕ ВО ВИДЕОТО ПО 18 ЧАСОТ!